12496068_1108764285825230_6008188922024575805_o

Ни претставува особена чест и задоволство наградата “Best Brand International” или “Најпопуларни за 2016” која ја примивме во февруари оваа година за најпопуларен салон за мебел во Битола.

Оваа награда ја освојуваме по втор пат а за тоа секако се заслужни нашите лојални купувачи за кои секогаш внимаваме да бидат услужени со квалитетна услуга, производи и секако најниски цени на пазарот.

16831064_1466681523366836_5382079794995944046_n

Започнавме со работа во 1994. година во салон на само 80 м2 и неколку вработени. Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени просторили на преку 2.500 м2.

P1060372

Низ годините „Гир Риг“ прерасна во општествено одговорна компанија која е нераскинлив дел од животот на потрошувачите – години на посветеност и грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи.

Во 2009. година компанијата отвори салон во Битола каде по многу кратко време беше препознаена како сериозен партнер. Во 2011. година „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 м2.

7

Во 2013. година „Гир Риг“ отвори салон на над 1.000 м2 во Кичево, каде со својот докажан квалитетен асортиман и простапни цени, салонот стана лидер во својата дејност во тој регион.

kicevo girrig

Во 2015 година во рамките на салоните во Охрид, Битола и Кичево беа отворени специјализирани продавници за продажба на душеци и системи за спиење од светски познатиот бренд “Dream by Almak”.

Во 2016 година „Гир Риг“ во соработка со добропознатитот бренд “Dream by Almak” го отвори првиот “Sleep Shop” односно специјализирана продавница за продажба на душеци и системи за спиење во Струга.

Денес за нашата компанија гордо можеме да кажеме дека „Гир Риг“ располага со сопствен магацински простор од околу 1000м2, квалификуван и стручен персонал кој брои 30 луѓе како и сопствен возен парк со кој бесплатно ја транспортира и монтира робата на целата територија на Р.Македонија.

P1060416

Во оваа прилика го најавуваме отворањето на првиот Sleep Shop на „Гир Риг & Dream by Almak” во Битола, кој ќе биде лоциран во централното градско подрачје а чие отворање ќе биде дополнително навестено и медиумски покриено.

Честа да учествуваат и да ја примат наградата имаа имаа дел од менаџерскиот тим како и дел од вработените во нашата компанија.

16681906_1463530913681897_2483787712682183760_n

16797179_1465619343473054_2448453412367793190_o

– Нашата интенција е секогаш да бидеме што е можно поблиску до купувачите и адекватно да одговориме на нивните желби и потреби за квалитетен мебел по пристапни цени во своите домови.

Ваш „Гир Риг“