devojka3

Започнавме со работа во 1994. година во салон на само 80 м2 и неколку вработени. Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени простории на преку 2.500 м2.

Низ годините „Гир Риг“ прерасна во општествено одговорна компанија која е нераскинлив дел од животот на градот – години на посветеност и грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи.

Во 2009. година компанијата отвори салон во Битола каде по многу кратко време беше препознаена како сериозен партнер. Во 2011. година „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 м2.

Во 2013. година „Гир Риг“ отвори салон на над 1.000 м2 во Кичево.

Во 2015 година во рамките на салоните во Охрид, Битола и Кичево беа отворени  специјализирани продавници за продажба на душеци и системи за спиење од   светски познатиот бренд “Dream by Almak”.

Во 2016 година „Гир Риг“ во соработка со добропознатитот бренд “Dream by Almak” го отвори првиот “Sleep Shop” односно специјализирана продавница за  продажба на душеци и системи за спиење во Струга.

– Нашата интенција е секогаш да бидеме што е можно поблиску до купувачите и адекватно да одговориме на нивните желби и потреби за квалитетен мебел по пристапни цени во своите домови.

Ваш „Гир Риг“

 

dvatazaedno