Асортиман

Дневни соби
Дневната соба е центарот на случувањата во домот. А онаму каде се
дружите со семејството и каде се релаксирате треба да Ви биде удобно,
опуштено и убаво за око. Од понудата на ГирРиг изберете ги парчињата кои одговараат на Вашиот простор, стил и Вашите потреби и уживајте на свој начин.

Трпезариски сетови
Велат дека најдобрите спомени се создаваат кога сме собрани околу
масата, односно за време на заедничките оброци. Во понудата на ГирРиг
има трпезариски сетови за различни вкусови со иста цел – уживање за
секој член во семејството со мебел кој трае долго исто колку и
заедничките спомени.

Спални соби
Во спалната соба почнува и завршува секој ден, затоа треба да направите добар избор на елементи. Не заборавајте дека врз квалитетот на сонот влијае и квалитетот на душекот и самиот кревет, а плакарите треба да Ве служат на долг рок, затоа изберете паметно – изберете производи на ГирРиг!

Претсобја
Претсобјето е она кое вели „добредојде“ во секој дом. Од понудата на
ГирРиг, изберете го омилениот модел за секогаш да влегувате дома со насмевка.

Канцелариски мебел
Истражувањата велат дека луѓето минуваат во просек 13 години и 2 месеци од својот живот на работа. Од богатата понуда на ГирРиг изберете ги моделите кои одговараат на стилот на Вашата канцеларија и Вашиот карактер и очекувајте екстра продуктивност благодарение на дополнителната удобност и квалитет.