Водич за избор на совршен плакар

Плакарот претставува неизбежено парче мебел за секој дом. Токму затоа нашиот салон нуди дури 32 различни видови плакари погодни за секоја спална и детска соба.

Но, широкиот обем на модели, големини и бои може да го отежни одбирањето на идеалниот плакар. За да ви го олесниме процесот, нашите производи се поделени во неколку категории, а подолу ќе прочитате корисни совети вредни за размислување и дискусија. Со квалитетно предзнаење, ќе ги задоволите вашите потреби.

Па, на што треба да обрнете внимание?

  1. Достапен простор

Најпрво, запрашајте се за можностите кои ги нуди просторот во вашата соба. Штом го одговорите ова прашање, автоматски добивате одговор и кој од нашите  К-1 до К-4 плакари е најпогоден за вас.

Сакате врати на лизгање или не?

Вратите на плакарот се исто така важен фактор кој треба да се зема предвид. Плакарите со врати на лизгање нудат полесно манипулирање во помал простор.

  1. Боја и дизајн

Естетскиот дел има голема улога при купување на каков било мебел. Се разбира, личниот вкус има најголемо влијание. Нашето долго искуство кажува дека најчести дилеми се појавуваат при изборот на боја. Во зависност каков амбиент сакате да постигнете, еве неколку асоцијации за најчесто користени бои:

Сива– модерно, воздржано, професионално

Бела (светли нијанси)– чистота, ги „отвoра” малите соби

Кафеава – комфор, природа, традиционално

Црна – софистицирано, елегантно, мистериозно

Се разбира, секогаш имате можност да комбинирате и експериментирате со бои, дури и ако сте љубители на едноставниот и минималистички стил.

  1. Внатрешен дизајн

Познатата изрека „не суди ја книгата според корицата“ лесно може да ја преточиме и во изборот на плакар. За жал, често поради големиот фокус кон надворешниот дизајн, ја занемаруваме внатрешната функционалност на плакарот. Големината на слободниот простор за закачување облека, распоредот и бројот на полици и фиоки исто така се важна тема.

  1. Материјал

Правилниот избор на материјал гарантира квалитет и естетски изглед.

Иверката од која се изработени нашите плакари е материјал направен од дрвени отпади и струготини и претставува одличен избор за сите кои имаат развиена еколошка свест. Освен тоа, иверката овозможува и квалитет по пониски цени.

  1. Финансиски можности

Покрај големината, стилот и материјалот на плакарот, треба да се земе предвид уште еден клучен елемент –цената. Додека уредувате нова спална соба или реновирате постоечка, имајте го предвид целокупниот буџет.

Изберете ја најдобрата алтернатива што одговара на вашата визија, без да ги занемаритe естетиката, корисноста и цената.