P1060372
КРАТКА ИСТОРИЈА

Започнавме во 1994. година во салон на само 80 м2 и неколку вработени. Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени простории на преку 2.500 м2.

Салонот за мебел „Гир-Риг“ од Охрид денес е вистински лидер во својата област на територијата на Охрид со околните општини, Струга но и многу пошироко. Секогаш љубезениот персонал ќе ве пречека и ќе ви помогне да го одберете вистинското парче мебел за вашиот дом или деловни простории.

Од „Гир-Риг“ за своите ценети потрошувачи обезбедуваат бесплатен превоз и монтажа на територијата на целата држава. Салонот за мебел „Гир-Риг” нуди и посебни можности и погодности при купувањето на мебел.

– Нашата интенција е секогаш да бидеме што е можно поблиску до купувачите и адекватно да одговориме на нивните желби и потреби за квалитетен мебел по пристапни цени во своите домови.

Ваш „Гир Риг“

  • +389 (0) 46 231 385
  • +389 (0) 46 231 386
  • contact@girrig.com.mk