Нашата приказна

Започнавме со работа во 1994. година во салон на само 80 m2 и неколку вработени. Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени простории на преку 2.500 m2.

Низ годините „Гир Риг“ прерасна во општествено одговорна компанија која е нераскинлив дел од животот на градот – години на посветеност и грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи.

Во 2009. година компанијата отвори салон во Битола каде по многу кратко време беше препознаена како сериозен партнер. Во 2011. година „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 m2.

Во 2015 година во рамките на салоните во Охрид и Битола беа отворени специјализирани продавници за продажба на душеци и системи за спиење од светски познатиот бренд “Dream by Almak”.

Веќе во 2018 година започнуваме со производство на сопствен, висококвалитетен плочест мебел, под брендот Happy House. Од мала, семејна работилница за изработка на мебел пораснавме во бренд кој во секое време е спремен во својата фабрика да понуди асортиман од околу 150 различни модели на шкафови, плакари, фиокари, кујни, полици, дневни соби, комоди, како и комплетен мебел за спални соби.

Готовите производи понатаму ги складираме во сопствени магацини, а процесот на изработка на мебелот од нашиот бренд, од суровина до испорака внимателно го набљудуваме и гарантираме за секое парче мебел кое излегува од нашата фабрика.

Нашата интенција е секогаш да бидеме што е можно поблиску до купувачите и адекватно да одговориме на нивните желби и потреби за квалитетен мебел по пристапни цени во своите домови.

Ваш „Гир Риг“

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2015

ISO 1401:2015

НАШИТЕ СЕРВИСИ

Плаќање на рати

Овозможуваме плаќање на рати од 6 до 36 рати во соработка со финансиско друштво SN кредити

Бесплатна достава

Бесплатна и брза достава и монтажа на вашите омилени производи

Онлајн поддршка

Контактирајте нè на нашиот веб сајт или преку социјалните мрежи и нашиот тим ќе одговори во најкраток рок

Happy House

Сопствен бренд за производство на висококвалитетен мебел
Back to Top
Производот е додаден во кошничката