Со самиот пристап на интернет страницата на ГИРРИГ (www.girrig.com.mk и поддомените) и при нарачка на производите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
ГИРРИГ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
- ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа политика на приватност го уредува односот помеѓу Трговско друштво за производство, трговија и услуги Гоце Шитракоски ГИР-РИГ с.Лескоец,Охрид ДООЕЛ (во понатамошниот текст “ГИРРИГ”, “Контролорот”, “Компанијата” или “ние”) како Контролор и корисникот на веб страницата www.girrig.com.mk (во понатамошниот текст “корисникот” или “Вие”) како субјект на лични податоци.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Воедно, со оваа политика на приватност, ние ја исполнуваме нашата обврска за доставување на информации, предвидена во член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.
Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Сите вработени во нашата компанија се обврзуваат да ги чуваат личните податоци и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивна обработка.
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација, најава или нарачка се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информации кои нам ни се потребни се:
- Име и презиме,
- e-mail адреса,
- адреса на доставување на нарачката и
- телефон за контакт.
Секој купувач при регистрација и купување изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
- Видови на податоци кои ние ги собираме;
- Постапка на регистрација, најава и купување;
- Кариера;
- Како ги собираме личните податоци;
- За кои цели ГИРРИГ ги користи податоците;
- Како ги чуваме и колку долго ги чуваме личните податоци;
6.1 Безбедност на податоците;
6.2 Политика за заштита на доверливите податоци и информации;
6.3 Рок на чување на личните податоци; - Пренос на лични податоци;
- Маркетинг;
- Пристап и промена на Вашите податоци;
- Социјални мрежи;
- Приватност на трети страни;
- Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица);
- Кои се Вашите права во врска заштитата на личните податоци;
- Обработувачи на лични податоци;
- Користење на алатка reCAPTCHA;
- Користење на веб форма за контакт;
- Промена на политиката за приватност;
- Како да го контактирате ГИРРИГ;
- Како да ја контактирате Агенцијата за заштита на личните податоци.
- ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — лиични податоци и нелични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Лични податоци се податоци кои идентификуваат или можат да идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на нашата веб-страница, како на пример креирање на профил, нарачка на производ или друга услуга од нас, Вие внесувате Ваши лични податоци. Во зависност од активноста податоците се задолжителни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Кои видови на лични податоци ги собираме зависи од природата на Вашето барање, а меѓу другото, собираме: име и презиме, E-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Ние ги користиме личните податоци исклучиво за целта за која ни ги давате, имено за реализација на самата нарачка и постапување по Вашите барања. Доколку добиеме Ваша дополнителна согласност, личните податоци можеме да ги искористиме за маркетинг и промотивни цели, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.
НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Ние, и/или нашите овластени трети странки – бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки.
- ПОСТАПКА НА РЕГИСТРАЦИЈА, НАЈАВА И КУПУВАЊЕ
На веб страницата на ГИРРИГ за да се нарача производ, корисникот треба да се регистрира, при што е потребно да се внесат: име, презиме, лозинка (со најмалку 8 карактери) и е-маил адреса. По внесувањето на овие податоци, пред копчето “Регистрирај се” или “Откажи” се наоѓаат три полиња за штиклирање:
- “Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ги прифаќам општите услови и политика на заштита на личните податоци на ГИРРИГ објавени овде, овде и овде.”
- “Изјавувам дека сум согласен да бидам известуван за сите новости, актуелности и промотивни активности на е-маил адресата дадена при регистрацијата”
- “Изјавувам дека сум согласен, информиран и ги прифаќам правилата за собирање, обработка и чување на личните податоци преку алатката ReCAPTCHA на Google LLC. Правилата за собирање преку оваа алатка се достапни овде и овде”
Процесот на регистрација не може да заврши, доколку корисникот не го штиклира првото поле, односно не се согласи со Општите услови и Политика на заштита на личните податоци на ГИРРИГ и дека е согласен со правилата за обработка на лични податоци преку алатката ReCAPTCHA на Google LLC.
По штиклирањето на третото поле, ќе се појави формата од алатката ReCAPTCHA на Google LLC, каде што има поле за штиклирање дека изјавувате дека не сте робот.
Доколку корисникот не се согласува со општите услови и со правилата за обработка на лични податоци преку алатката ReCAPTCHA на Google LLC, како и доколку не го штиклира полето дека не е робот, тој не може да биде регистриран и не може да ги користи услугите достапни на веб страницата.
Во процесот на најава, регистрираниот корисник внесува е-маил адреса и лозинка.
- КАРИЕРА
На нашата веб страница имате можност да доставите Ваша кратка биографија (CV) со што ние од Вас би ги добиле следните лични податоци: име, презиме, е-маил адреса и Ваша кратка биографија CV. Ве молиме во Вашата кратка биографија да внесете само податоци релевантни за можното вработување, како порананешно образоврание и работно искуство, а да не оставате дополнителни непотребни лични податоци, а особено не податок како што е ЕМБГ.
По внесувањето на овие податоци, пред копчето “Аплицирај” се наоѓаат две полиња за штиклирање:
- “Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ја прифаќам политика на приватност на ГИРРИГ објавена овде.”
- “Давам согласност на ГИРРИГ да ги обработува моите лични податоци за целите на идно можно вработување.”
Процесот на испраќање на кратка биографија (CV) не може да заврши, доколку корисникот не го штиклира првото и второто поле, односно не се согласи со политиката за приватност и не даде согласност за обработка. Доколку корисникот не се согласува со политиката за приватност и не даде согласност, тој не може да достави кратка биографија (CV).
- КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вие директно ни ги давате Вашите лични податоци преку пополнување на соодветни формулари на нашата веб-страница, односно ние обработуваме исклучиво лични податоци добиени од Вас, како субјект на лични податоци. Вие имате целосна контрола врз Вашите лични податоци кои ни ги давате и можете во секое време да ги проверите, менувате, бришете Вашите лични податоци преку нашата веб-страница.
Ние не ги собираме Вашите лични податоци од други извори, односно не обработуваме лични податоци кои не се добиени од Вас како субјект на личните податоци.
- ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која ГИРРИГ ја има со вас.
(а) Промотивни е-маил пораки (Newsletter).
Доколку при регистрација или на првата страна имате дадено согласност да бидете известувани за сите новости, актуелности и промотивни активности, тогаш на Вашата е-маил адреса ќе добивате вакви известувања. Доколку не сакате да бидете дел од вакви известувања имате можност да кликнете Unsubscribe во е-мејл пораката во секое време.
- При регистрација има поле за штиклирање со следниот текст:
“Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ги прифаќам општите услови и политика на заштита на личните податоци на ГИРРИГ објавени овде.”
- При регистрација има поле за штиклирање со следниот текст:
“Изјавувам дека сум согласен да бидам известуван за сите новости, актуелности и промотивни активности на е-маил адресата дадена при регистрацијата”
б) Грижа на корисници
Интеракцијата помеѓу ГИРРИГ и Вашиот профил на социјалните мрежи се реализира исклучиво доколку самите изразите желба да стапите во контакт со нас преку Месинџер чет достапен на нашата веб страница. ГИРРИГ се обврзува да Ви одговори на сите ваши прашања и нејаснотии, но нема да ги користи за промотивни или други какви било цели освен за обезбедување на потребната помош и информација со цел грижа на своите корисници.
Собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци се обработуваат со цел:
- регистрација и најава на корисникот;
- потенцијално вработување;
- реализација на Вашата нарачка;
- постапување по Вашите барања;
- работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт;
- да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;
- да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;
- анализа и спроведување на истражувања;
- да комуницираме и Ве информираме за дополнителни работи ;
- да Ви испраќаме известувања, актуелности и промотивни активности.
- КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
6.1. безбедноста на податоците
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.
Вашите податоци се чуваат на безбедни сервери кои се наоѓаат во Р. С. Македонија, во сопственост на Друштво за услуги,трговија и производство ЕОН ЕДЕН ЛТД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица. Ние се имаме осигурано дека ова Друштво, како обработувач, презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци кои се наоѓаат на нивните сервери и постапува во целост согласно Законот за заштита на личните податоци.
Вашата врска со нашиот сајт е безбедна, при што се користи TLS криптографски протокол и соодветен метод на енкрипција.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка, не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме УНИ БАНКА АД Скопје која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати податоци се енкриптирани.
6.2 политика за заштита на доверливите податоци и информации
ГИРРИГ ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ГИРРИГ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.
6.3 рок на чување на личните податоци
Лични податоци од Вашиот кориснички профил се чуваат сѐ додека постои Вашиот кориснички профил. Доколку сакате да го избришете Вашиот кориснички профил, тоа можете да го сторите во секое време преку панелот за корисници на нашата веб страница.
При бришење на Вашиот кориснички профил, неповратно се бришат Вашите лични податоци од активните системи (live systems), па затоа нема да добивате известувања од нас и нема да можете да ги користите услугите преку нашата веб страницата.
Нарачките кои сте ги направиле преку Вашиот кориснички профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.
Личните податоци од корисничкиот профил, заедно со датумот на создавање на корисничкиот профил и датумот на бришење на корисничкиот профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.
Личните податоци за претплатниците од промотивни е-маил пораки (Newsletter) се чуваат сѐ додека претплатникот не се одјави од услугата.
Личните податоци од видео надзорот се чуваат 30 дена од снимањето видео запис во нашите трговски објекти.
Апликација за вработување од кандидат заедно со пропратни документи се чува сѐ до избор на кандидат за вработување на тој конкурс, а по исклучок, по добиена дополнителна согласност од сбјектот, може и подолго.
Личните податоци внесени со користење на “Формата за контакт” се чуваат 3 години од решавање на барањето.
Документите од областа на работните односи, облигационите односи, финансиско и материјално работење се чуваат согласно роковите предвидени во соодветниот Закон.
По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.
- ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ГИРРИГ не врши пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.
- МАРКЕТИНГ
ГИРРИГ врши директен маркетинг, на начин што на корисниците кои при регистрација или на почетната страна дале согласност, им испраќа известувања за сите новости, актуелности и промотивни активности, на нивната е-маил адреса.
Во секое време можете да ни забраните да Ве конткатираме за цели на директен меркетинг, на начин што ќе ја повлечете согласноста за директен маркетинг преку пополнување на Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците, или пак преку опцијата Unsubscribe (одјава) во е-маил пораката.
Во секое време можете повторно да ја дадете Вашата согласност за директен маркетинг преку внесување на Вашата е-маил адреса во полето “БИЛТЕН“ достапно на нашата веб страница.
- ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И БРИШЕЊЕ НА ПРОФИЛОТ
Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Лични податоци”.
Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат.
Доколку сакате да го избришете профилот тоа може да го сторите со логирање на Вашиот профил, преку секцијата „Лични податоци“ па со едноставен клик на полето „Избриши го мојот профил“.
По клик на ова поле, ќе се појави ново прозорче со следниот текст: „Дали сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил? *доколку сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил, на Вашиот е-маил со кој се имате регистриано ќе добиете е-маил порака со линк на кој треба да кликнете како би го потврдиле бришењето на профилот.“
По потврдување на полето, на Вашиот е-маил со кој се имате регистрирано, ќе стигне е-маил порака од ГИРРИГ со прилог линк на кој треба да кликнете за да го потврдите бришењето на профилот. По клик на линкот, ќе Ве пренасочи на Веб страната, каде што ќе има известување дека Вашиот профил е успешно избришан. Со клик на линкот за потврда за бришење, веќе нема да имате пристап до Вашиот профил, Вашите нарачки и другите активности и нема да може да ги користите услугите кои ги нудиме за регистирани корисници.
- СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Со поврзувањето на ГИРРИГ преку можноста Месинџер чет вие се согласувате дека ни давате пермисии да вршиме интеракција со вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за вашите прашања и/или дилеми.
- ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на нашиот сајт. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
- ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)
ГИРРИГ не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Со користењето на веб-страницата на ГИРРИГ изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го избришеме Вашиот профил доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистиран корисник кој нема 18 години.
- КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да добиете информации коишто се доставуваат при собирање на лични податоци
Ова право се остварува на начин што пред да се регистрирате сте упатени да ги прочитате и да се согласите со овие правила, во кои се наведени сите потребни информации согласно член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.
- право на пристап на субјектот на личните податоци
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ул. 15-ТИ КОРПУС бб Охрид, или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: info@girrig.com.mk или на pavel@girrig.com.mk
- право на исправка
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да ги исправите податоците преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Лични податоци”. Податоците се ажурираат веднаш по нивно зачувување од страна на корисникот.
Доколку сметате дека се неточни или нецелности Ваши лични податоци кои не можат да се исправат преку пристапување на секцијата “Лични податоци”, за тие податоци во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ул. 15-ТИ КОРПУС бб Охрид или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: info@girrig.com.mk или pavel@girrig.com.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 15 дена.
- право на бришење („право да се биде заборавен“)
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ул. 15-ТИ КОРПУС бб Охрид или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: info@girrig.com.mk или pavel@girrig.com.mk . По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 30 дена.
- право на ограничување на обработката
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ул. 15-ТИ КОРПУС бб Охрид или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: info@girrig.com.mk или pavel@girrig.com.mk
- право на преносливост на податоците
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ул. 15-ТИ КОРПУС бб Охрид или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: info@girrig.com.mk или pavel@girrig.com.mk
- право на приговор
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ул. 15-ТИ КОРПУС бб Охрид или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: info@girrig.com.mk или pavel@girrig.com.mk
Правото на приговор се однесува на обработка на личните податоци која е:
– потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот,
– потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице
– за целите на директен маркетинг, вклучително и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг
- право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка
Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса ул. 15-ТИ КОРПУС бб Охрид или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: info@girrig.com.mk или pavel@girrig.com.mk.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Павел Герасимовски, на следниов e-mail: pavel@girrig.com.mk
Со цел полесен пристап до давањето и повлекувањето на Вашата согласност за обработка, во прилог се обрасци, и тоа:
Образец 1: Образец за согласност на личните податоци
Образец 2: Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците
- ОБРАБОТУВАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Со цел давање на подобри услуги за корисниците, ГИРРИГ соработува со трети страни, при што во процесот на соработка, потребно е да се пренесат одредени лични податоци до овие трети страни – обработувачи.
Како обработувачи на Вашите лични податоци се јавуваат следните трговски друштва:
– Друштво за услуги,трговија и производство ЕОН ЕДЕН ЛТД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица, во областа на хостинг;
– УНИ БАНКА АД Скопје, во областа на плаќањето за услугите.
Со сите обработувачи, ГИРРИГ има склучено Договор, со кој се регулира предметот и времетраењето на обработката, природата и целта на обработката, видот на личните податоци и категориите на субјекти на личните податоци, како и обврските, одговорностите и правата на контролорот и обработувачот, согласно одредбите од членовите 32 и 33 од Законот за заштита на личните податоци.
ГИРРИГ се има осигурано во техничките и организациските мерки кои ги презема секој од обработувачите со цел заштита на личните податоци.
- КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТКА CAPTCHA
Со цел намалување на лажни регистрации, ГИРРИГ ја користи алатката reCAPTCHA, која го анализира Вашето однесување на нашата веб страница, и согласно тоа, одредува дали се работи за човек или за компјутер. Подетални информации се наведени во точка 2 од оваа политика, како и на самата форма со кликање на хиперлинковите privacy и terms како и на хиперлинковите во текстот на точка 3 во процесот на регистрација.
- КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ ФОРМА ЗА КОНТАКТ
Со цел полесна комуникација со нас, на нашата веб страница постои веб форма за контакт, при што во формата е потребно да се внесат следните податоци: име и презиме, е-маил, предмет и порака (опционално). Со клик на полето “Испрати” Вашата порака се проследува до нас, при што добивате потврда за тоа. Доколку во пораката оставате дополнителни лични податоци се смета дека сте согласни со нивната обработка и одговарате за точноста на тие податоци.
- ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се преоценува, а по потреба менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Оваа политика е донесена на 01.01.2022 година. Промени во оваа политика се направени на: хх.хх.2022 година.
- КАКО ДА ГО КОНТАКТИРАТЕ ГИРРИГ
За сите работи поврзани со Вашите лични податоци можете да нѐ контактирате на еден од следните начини:
– со пополнување на веб формата за контакт,
– да доставите писмено барање по пошта на адреса ул. 15-ТИ КОРПУС бб Охрид
– да доставите барање по електронска пошта на е-маил адресата: info@girrig.com.mk или pavel@girrig.com.mk
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:
Павел Герасимовски, e-mail: pavel@girrig.com.mk
- КАКО ДА ЈА КОНТАКТИРАТЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Агенција за заштита на личните податоци
бул.„Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје,
тел:++ 389 (2)3230 635
Е-маил: info@privacy.mk
Web: https://dzlp.mk/