(+389) 46 231 385 | 072 225 070 Охрид
(+389) 47 223 038 | 071 352 602 Битола
Search

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија.
Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Производот/ите се внесуваат во Вашиот дом, каде се монтираат од страна на нашиот професионален тим.

По купувањето ќе бидете контактирани од нашата доставна служба за дефинирање на термин за испорака. Купените производи ќе бидат испорачани во најкраток можен рок. Гирриг ДООЕЛ  го задржува правото да го продолжи рокот на испорака.
Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.

Испорака вршиме во било кој ден од неделата освен на државни празници и неработни денови.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.
Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.

Back to Top