(+389) 46 231 385 | 072 225 070 Охрид
(+389) 47 223 038 | 071 352 602 Битола
Search

За купување на производи од нашите салони во Охрид и Битола и веб страната girrig.com.mk СЕ ВРШИ БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НА НАРАЧКИ КОИ ИМААТ ВРЕДНОСТ ПОГОЛЕМА ОД 10000 ДЕН.

Бесплатната испорака важи за следните градови : Охрид, Струга , Дебар , Кичево , Ресен , Битола , Прилеп , Д.Хисар , Крушево. За останатите градови, условите за испорака се договараат во салоните во Охрид и Битола со соодветниот тим за логистика.

Монтажата на артиклите не подразбира закачување на ѕид на ниту еден артикал или дел од артиклот.

Испораката (и монтажата кај одредена група артикли) се договара со телефонско закажување од најмалку еден ден порано, до адресата наведена во нарачката од купувачот.

КУПУВАЧОТ ПРЕЗЕМА ОБВРСКА ДА ОБЕЗБЕДИ ПРИСТАПНОСТ НА ВОЗИЛОТО ДО МЕСТОТО НА ИСПОРАКА.

Купувачот има опција околу испораката и монтажата:

** ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ ДОКОЛКУ РОБАТА СЕ ПОДИГНЕ ОД НАШИОТ МАГАЦИН ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ОД 08-15 ЧАСОТ

Доставата и монтажата се врши од професионален тим во текот на неделата од понеделник до петок.

Купувачот презема обврска да обезбеди соодветен и безбеден паркинг за возилото на добавувачот.

Просторот каде што треба да стои нарачаната роба треба претходно да биде спремен од страна на купувачот.

Секој купувач е должен при превземање на производот (откако ќе се достави и монтира во домот), да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. (исто така тоа се заверува на документот – испратница кој се доставува со самата испорака и монтажа, во посредство на купувачот и монтерот.)

Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван. Откако ќе се провери, ако е се во ред со производот може да се замени.

Рокот за замена на производот е 15 дена од моментот на приемот на робата.

 

КУПУВАЊЕ ПРЕКУ НАШАТА ВЕБ СТРАНА

За купувањето преку нашата веб страна важат сите останати услови околу испораката и монтажата, притоа:

**треба да ги внесете вашите податоци (име , презиме , број телефон) , место на испорака

**потоа ќе ве контактираат за официјализирње и процесирање на нарачката

Back to Top