Дневната соба е простор во кој може да се направи многу и може да се прилагоди на активностите од типот на: играње со деца, филмски или сериски маратони, како и дружење со гостите. Но како да постапите во случај кога просторот е помал? Делот околу гарнитурата и телевизорот не мора да биде преполна со работи за да ја опслужи вашата цел. Во продолжение прочитајте неколку совети како најдобро да ја искористите дневната соба:
Бидете тактични со клуб масата
Дури и кога немате многу простор на располагање, можете да направите добар избор на мебел за вашата дневна соба да изгледа поголема. Изберете клуб маса од Happy House која е пониска и ќе изгледа како да имате повеќе простор до таванот. Иако нема да помислите на тоа, но и големите теписи може да ви помогнат вашиот простор да изгледа поотворено, а подот позаштитен. Освен правилно избран мебел додавањето на уметнички дела на ѕидовите и полиците ќе дадат дополнителен шмек на целиот дом.
Изберете витрина која ви дава простор да комбинирате
Кога го уредувате дневниот простор потребно е да обратите големо внимание на дизајнирање на просторот околу телевизорот затоа што после работниот ден сите сакаат да се изрелаксираат со квалитетна телевизиска програма или Netflix.
Доколку се одлучите вашиот телевизор да го поставите на ТВ комода, важно е таа да биде подолга од должината на телевизорот и да може да ја сокрие целата опрема која доаѓа со него. Таква комода која ќе одговара на различни димензии телевизори е ТВ АРТУР, а одличен избор е и ТВ АМСТЕРДАМ. Овие комоди имаат голема површина и може да послужат за поставување декорации и други омилени сувенири кои имаат посебно значење за вас.
Доколку не сакате акцентот да биде само на телевизорот и да истакнете други детали од вашата дневна соба, тогаш може да изберете комплет витрини како што се моделите ДИВА, ЛОРД, ПАРМА ИЛИ ЛАНА.
Разбијте го традиционалниот распоред
Кога влегуваме во дневната соба, сите веќе имаме некакви очекувања, каде што треба да стои. Тоа е така, бидејќи нивниот основен концепт е унифициран низ годините. Меѓутоа, кај отворениот простор, има место да се прекршат тие „правила“. На пример, може да поставите биро во вдлабнатината во ѕидот. Можете да направите шанк или на друг начин да ја одделите кујната од трпезаријата и остатокот од дневната соба или да оставите ќоше околу фотелјата и другите декоративни елементи.
Прегледајте ја нашата онлајн продавница и со помош на нашите совети како најдобро да ја искористите дневната соба изберете мебел со кој ќе го извлечете максимумот од вашиот простор.
Остави коментар